Есенцијално Аромотерапевтско Масло – Каранфилче
640ден
Латинско Име: Eugenia Caryophyllata
Употребени делови од Растението: Листови
Потекло: Мадагаскар
Метод на екстракција: Десилација со Пареа
3 на залиха
Есенцијалното масло од Каранфилче се вади со дестилација со пареа на лисјата, стеблото и пупките на дрвото ugenia Caryophyllata, кое потекнува од Индонезија и островите Малака. Ова е потентно масло со топол, силен, зачинет мирис и треба да се користи многу разредено и со многу внимание во аромотерапијата.
Маслото од Каранфилче може да се користи за лекување или смирување на акните, модринките, исекотините, изгорениците, раните на нозете, како и за ослободување од болката предизвикана од ревматизам и артритис. Се верува дека е добро за дигестивниот систем, помага при повраќање, гасови, грчеви и паразити. Се смета за олеснување во заболувањата како бронхитис, астма и туберкулоза. Во аромотерапијата, ова есенцијално масло го стимулира умот и делува како афродизијак. Ја отстранува менталната исцрпеност и замор и помага против несоница.
Каранфилчето популарно се користело во Индија и во Кина. Се верува дека античката Кинеска медицина користела каранфилче за лекување на проблеми со варењето, дејареја, хернија, „спортски стапала“, и габични инфекции. Се користи и за лекување на чиреви во устата, забоболка, и како освежувач на здивот уште од антички времиња. КАранфилчето е еден од првите зачини со кои се тргувало. Се смета дека Арапските трговци за време на Римското Царство го донеле Каранфилчето во Европа .
