Малахит полирани камења

920ден

Додадете 2000ден во кошничката и добијте бесплатна достава!

22 на залиха

Опис

Малахит – кристал кој носи среќа и просперитет

Малахитот го добил своето име од грчките зборови „malache“ или „malachos“, што значи бујна зелена или мек. Старите Грци верувале дека ги чува децата од урок. Малахитниот камен или предметите од него биле прв дар кој се подарувал на новороденче.Минералот се закачувал над колевката на детето за да го заштити од зли духови, кошмари и болести. Во средниот век каменот се користел како една од најмоќните амајлии против црна магија.Во средниот век претставувал заштита од злото. Од памтивек за него биле врзани бројни легенди и му се припишувале натприродни моќи. Во стар Египет, малахитот се сметал за камен на божицата Хатор – божица на почетокот и продолжението на животот.
Храмот на Атина во стара Грција бил обложен со овој камен. Руската Ермитажа содржи збирка од повеќе од двесте предмети изработени од овој кристал. Римјаните овој камен му го припишувале на божицата Венера.
Поради своите лековити хемиски својства е познат и како „Женски камен“. Се верува дека во случај на опасност малахитот ќе се распадне како знак на предупредување Го нарекуваат трговски камен бидејќи позитивно влијае на деловните односи и го зголемува богатството.Ги неутрализира емоционалните проблеми и на душата ѝ дава мир и хармонија. Длабоко ги разградува проблемите и трајно ги отстранува. Ни помага во јавност да ги покажеме нашите мислења и чувства. Тој е и камен на духовна преобразба и еволуција. Има способност да ги прочисти, активира и израмни сите чакри.