Термофор со арома на Лаванда – Цветови за Релаксација

1050ден

Димензии: 40 x 12.5 x 4.5 cm

Состав: Есенцијално масло од Лаванда, Пченица, Полиестерка Торба.

Потекло: Обединето Кралство

Додадете 2000ден во кошничката и добијте бесплатна достава!
Опис

Торбичките полнети со пченица се користат во алтернативната медицина долги години. Пченицата има единствена клеточна структура која може бргу да апсорбира топлина или студ, а потоа да ја ослободи рамномерно. Помага во заболувањата како што се артритис, менструални болки, болки во зглобовите итн, итн…. А што се однесува до есенцијалното масло од лаванда, позната по тоа што ја ублажува напнатоста и анксиозноста, можете само да замислите која добитна комбинација ја имате со овие две состојки.

Едноставна и безбедна алтернатива на класичните гумени термофори со врела вода.

Начин на употреба:
Микробранова печка (базирана на моќност од 800W): Ставете ја торбичката и загревајте ја на максимум моќност околу 1 минута за благо затоплување или 2 минути, доколку сакате пожешка торбичка. Кога ќе се загрее внимавајте како ракувате со неа, затоа што може да стане есктремно жешка. По загреваањето растесете ја добро, за да може топлината да се распореди рамномерно. Додека ја загревате треба да ја надгледувате.

Забелешка: Времето на загревање може да варира во зависност од вашиот извор на топлина (печка). Особено внимавајте како ракувате со загреаната торбичка, затоа што може да стане екстремно топла. Пролонгираниот контакт со кожата може да предизвика изгореници. Не е предвидена за исхрана. При првата употреба може да се појави влажност на самата торбичка.