ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈА Возбуда и раст на човековата личност

1000ден

Додадете 2000ден во кошничката и добијте бесплатна достава!

2 на залиха

SKU: book-04 Категорија
Опис

ГЕШТАЛТ ТЕРАПИЈА
Возбуда и раст на човековата личност

Фредерик С.Перлс
Ралф Хеферлајн
Пол Гурман

Превод од англиски:
Д-р Розета Паскали
Данче Велов

Оригинално издадена пред повеќе од 75 години, оваа книга/учебник го издржа тестот на времето и остана да постои како една од најважните дела во Гешталт психотерапијата. Оваа книга ги обединува теоријата, практиката и филозофската длабочина на Гешталт психотерапијата, нудејќи нов поглед на човечкиот развој, свесноста, контактот со себеси и со светот.

Со јасен и инспиративен стил, авторите го водат читателот низ процесот на живеење во целост, интегрирање на телото, емоциите и умот.
Самата книга е поделена на два дела кои структурно се типично гешталтистички: прво тестот, вашите размисли за тоа, па потоа лекцијата. Навистина интересен приод за претставување на човечката личност како завршен, незавршен, секогаш променлив гешталт.

Авторите Фриц Перлс, Ралф Хеферлајн и Пол Гудман нудат поинаков поглед на сегашноста и не водат кон личен раст и автентичност.
Ако решите да влезете во светот на Гешталт психотерапијата, бидете спремни за лавина од емоции, многу “аха” моменти, будење и целокупно зголемување на сопствената свесност за она кои сте вие самите и како подобро да функционирате во вашето секојдневие.