Знаења, размисли и факти за РЕИКИ, УСУИ СЕНСЕЈ И СПИРИТУАЛНИТЕ УЧИТЕЛИ Данче Велов
800ден
9 на залиха
“за Реики, Усуи Сенсеј и Спиритуалните Учители”
Ова книга/прирачник/учебник е издадена 2022година и е прва по својот вид. Во нејзе се зборува за Реики техниките, спиритуално-енергетските начини на исцеление, за Усуи Сенсеј и за тоа како изгледа еден вистински Спиритуален Учител. Овој прирачник го напишав за потребите на сегашните и идни ученици на спиритуално-енергетските техники како и за секој кој сака да го спознае животот на Микао Усуи, Усуи Сенсеј и суштина на неговото Usui Reiki Ryōhō.
Во прирачников, во вид на разговор, преку прашања и одговори, се разгледуваат многу спиритуални концепти, термини, правила, како и моралните и етички норми и принципи на работа на “спиритуалисти“ и на спиритуални учители на територијата на нашава држава. Фокусот на моите размисли остана во рамките на Македонија и она што тука се прави, се нуди и продава како спиритуализам и реики техника.
Друго нешто кое ќе се спознава преку прирачников е зошто Usui Reiki Ryōhō е начин, уметност на живеење. Тоа е начин на размислување и живеење којшто не е религиозен, но е длабоко спиритуален и многу логичен, поврзан со еден свет во којшто треба да веруваме ако веќе бараме помош од ваков вид.
Мора да се сфати дека Реики е многу повеќе од диплома. И дека секоја работа со енергија е сериозна и има последици.
Овој мал прирачник е само почетокот на мојата борба против спиритуалната игнорантност во нашава земја.
Од авторот Данче Велов.
