ПАТЕПИС НА МОИТЕ ПРОМЕНИ Данче Велов

500ден

Додадете 2000ден во кошничката и добијте бесплатна достава!

5 на залиха

SKU: book-03 Категорија
Опис

“Патепис на моите промени”

Ова е тетратката за себе-помош и само-помош. Ова е моја индиректна помош за сите оние кои страдаат, не знаат кај се, кога се…и нема кој да ги ислуша, нема кој да ги види.

Тетратчево е место во кое вие самите ќе може да си ги запишувате, во тишината на себеси- вашите болки, страданија.
А јас ќе ве слушам и ќе сум таму до вас. Кога ќе почнете со читање, ќе ме најдете и мене како сум присутна..едноставно сум присутна, сум тука, до вас и ви ја раскажувам и јас мојата приказна. Но во исто време, можеби за прв пат во вашите животи, ви давам простор и вие да си ја кажете својата.

Книгава е мала, за во ташна, за на скришно место, лична за вас, да ја пополнувате, да се сработите и да се видите и вие себеси..колку сте храбри што сте тука, со мене.

Тетраткава е дел од мојата борба за нормализирање на болката на Душата и за сите оние кои размислуваат за себе-убиство да знаат дека не се сами, јас сум тука и нека ме побараат…ќе слушам.

Од авторот Данче Велов.