СОЗДАВАЊЕ НА ЕДЕН ГЕШТАЛТ Данче Велов

500ден

Додадете 2000ден во кошничката и добијте бесплатна достава!

4 на залиха

SKU: book-02 Категорија
Опис

“Создавање на еден гешталт“

се работи за збирка есеи и трудови од полето на Гешталт филозофијата, теоријата и праксата како
што јас Данче Велов, автентично ја разбрав и практикувам во својата работа. Ова се сите мои есеи, трудови и предлози за работа и исцеление (како на себеси, така и на другите), кои ги имам
напишано во период од првите две години од мојата едукација како Гешталт терапевт (2022-2024год)
Кога почнав да читам за Гешталт Терапијата ми се
појавија многу прашања на кои и порано барав одговор…мои прашања, за мене, за
функционирањето на моето сопствен карактер и на мојот селф. Па така почнав да ги запишувам одговорите и размислите до кои доаѓав .
Така, овие записи почнаа да формираат своја сопствена целина и за
некое чудо да ми комплетираат гешталти за кои немав ни поим дека се незавршени. Па одтука и
насловот на збиркава “Создавање на еден гешталт“.
Гешталт на германски јазик значи формација, конфигурација, структура која има смисла и цел.

Ако книгава ја читате по ред, есеј за есеј, труд за труд, ќе го видите моето
мисловно и размислувачко растење во филозофијата на Гешталт Терапијата. Иако е невообичаено да се издадат есеите од едукација, сепак психотерапијата не е училишна тема, туку човечка.
Во книгата, меѓу редовите – ќе ме најдете мене.
Во редовите – мојата болка и борба.
На крај на книгата – почеток на ново поглавје.

Од авторот Данче Велов.